На прашањето дали е оптимист дека до мај Македонија може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло за преговори со ЕУ, амбасадорот Тимоние истакна дека најпрво треба да се организираат добри избори, односно да се продолжи во континуитет добивањето на позитивните извештаи од ОБСЕ за организирањето на изборите, но исто така и избирачкиот процес да биде зајакнат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 ноември, 2019 10:14

Тимоние: Можни се добри вести за Македонија во мај доколку има добри избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска во Собранието изјави дека процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од наша и од страна на Франција Македонија ќе добие добри вести.

Тимоние ги отфрли тврдењата дека францускиот претседател Емануел Макрон бил осамен во блокадата на почетокот на преговорите на Самитот.

На прашањето дали е оптимист дека до мај Македонија може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло за преговори со ЕУ, амбасадорот Тимоние истакна дека најпрво треба да се организираат добри избори, односно да се продолжи во континуитет добивањето на позитивните извештаи од ОБСЕ за организирањето на изборите, но исто така и избирачкиот процес да биде зајакнат.

Тимоние додаде дека со тоа ќе се испорача добра слика за Северна Македонија дека е демократска земја но исто така и дека ги исполнува сите Копенхашки критериуми.

– Овој sобраниски состав би требало да го заврши својот законодавен циклус со усвојувањето на закон  што ќе спречи секаков вид насилство врз жените. Би било убав гест, доколку се усвои тој закон, но потоа останува на големите политички партии да се договорат за начинот на организирањето на изборите, но исто така, и да се договорат за поуспешна борба против корупцијата и за поеднакво судство кое успешно ќе се справува со корупцијата. Знам дека е тоа долг пат, но ние сме на ваша страна да ви помогнеме во тоа. Знаете дека постои тој процес на ревизија на ЕУ и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, кажа Тимоние пред одржувањето на панел дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината на Советот на Европа посветена на подорбрување на пристапот до обесштетување на жртвите за трговија со луѓе и родово-базирано насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика