Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата.

Објавил: Перо Милчин | 17 мај, 2021 5:46

Тимот што победува не се менува, вели Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот Централен одбор на партијата.

Ова се дел од одлуките:

Сања Лукаревска е избрана за нова заменичка на претседателот на СДСМ. Со нејзиниот избор, испраќаме уште една силна и недвосмислена порака: СДСМ е партија која гради човечки капацитети, родово рамноправна, партија која ги препознава и вреднува и младоста и квалитетот.

Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата.

Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5%, досега највисоко и кај нас во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија.

➡️ Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница.

На конститутивната седница на новиот ЦО донесени се следните одлуки:

➡️ За генерален секретар е избран Ljupcho Nikolovski. Љупчо ќе обезбеди уште позасилено дејствување на СДСМ како модерна, динамична, организирана, европска партија

➡️ За потпретседатели на СДСМ, ЦО ги избра: Fatmir Bytyqi, Мила Царовска, Oliver Spasovski и Венко Филипче.

➡️ За претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово.

➡️ За организационен секретар избран е Мартин Попов.

➡️ За секретар за меѓународна соработка избран е Bojan Maricik.

За членови на ИО избрани се: Ана Данева-Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Адријана Будимир, Благоја Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зеќири, Мелиса Ценовска-Серафимовска, Никица Бачовски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Тренческа и Васко Ковачевски.

Тимот што победува не се менува, туку самиот го надградува и унапредува победничкиот менталитет.

Таквата особина ја имаат државотворните партии како СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Остануваме јасно на патот на нашата евроатланска определба, посветени на подинамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование, успешно и ефикасно справување со пандемијата, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската Унија, и добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.