Фотографии од малолетни девојчиња од Македонија со интимна содржина, видеа кои се на раб на порнографија се споделуваа до вчера во затворената група „Јавна соба“ креирана на апликацијата „Телеграм“ која до тогаш броеше над 7.400 членови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 12:09

Тинејџер кој го користел името „Медо“ја создал групата „Јавна соба“?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Денеска полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР.

Фотографии од малолетни девојчиња од Македонија со интимна содржина, видеа кои се на раб на порнографија се споделуваа до вчера во затворената група „Јавна соба“ креирана на апликацијата „Телеграм“ која до тогаш броеше над 7.400 членови.

Денеска беше откриено дека всушност тинејџер под надимак „Медо“ бил креатор и администратор на групата на телекомуникациската апликација „Телеграм“.

Тинејџерот „Медо“ главен во „Јавна соба“ и размената на слики на малолетнички?!

Во изјава за одредени медиуми тој тврди дека на почетокот целта не била порнографија, но работата излегла од контрола.

 

Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното Обвинителство.

Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.

-Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група. Во исто време сакам да апелирам до сите нас, до родителите, образовните институции за поголем надзор врз децата и навремено да се реагира и во семејствата и во улиштата, рече Спасовски, кој додаде дека и порано имало вакви случаи што се расчистувале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.