Денеска се одржи новото рочиште на случајот „Титаник“ кој се води против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кое се сомничат за нелегално финансирање на кампањата.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 11 март, 2020 17:42

ТИТАНИК: Сведоци на обивнителство тврдат дека никогаш не донирале пари за кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Телма

Денеска се одржало рочиште за случајот „Титаник“, сите сведоци тврдат дека немаат никаква вмешаност во случајот и дека нивните лични податоци биле злоупотребени од партијата. Тие никогаш, според нивните тврдења како што пренесува Телма не донирале ниту еден денар за политика кампања предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту еден железен денар не сум донирала на политичка партија.

-Вака сведок во „Титаник“ одговори на прашањето на обвинителката Лиле Стефанова дали уплатила 60 илјади денари за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011.  Жената која е и невработена посочи дека потписот на уплатницата не бил нејзин а прв пат разбрала дека нејзините податоци се злоупотребени кога била повикана во СЈО. Слични одговори даде и друг сведок

Не сум извршила никаква уплата за политичка кампања. Прв пат дознав во СЈО дека се јавувам како донатор на ВМРО-ДПМНЕ  и видов уплатница од 60 илјади денари. Потписот не е мој.

Миле Јанакиески во судницата коментирал дека еден од адвокатите во „Титаник“ се вратил деновиве од Франција каде има заразени од корона и наместо да биде во самоизолација го забележал во судот

Еден сведок потврди дека повеќе пати уплаќал пари во банка за ВМРО-ДПМНЕ но најголемата сума била околу 20-тина илјади денари. Уплатниците од по 60 илјади денари што му ги презентирале во СЈО рече дека не се негови, ниту се сеќава дека дал некому пари за да донира во негово име. Посочи и дека еднаш во општинскиот комитет во Кочани пополнил уплатница само во полињата за личните податоци.

На прашањата на адвокатите сведоците одговорија дека не ги познаваат обвинетите во „Титаник“ и немале никаков контакт со нив.

Од повиканите 8 сведоци денеска само тројца дојдоа. Обвинителката Лиле Стефанова која ги предлага, му објасни на судијата дека некои од нив не добиле покана а дел пак рекле дека не доаѓаат поради состојбата со корона вирусот. Судијата Осман Шабни се налути и напиша наредба за следото рочиште да бидат спроведени во судот. На крајот на рочиштето обвинителката побара да ја отповика наредбата за таа лично да се потруди да дојдат на наредниот пат. Ако и тогаш не дојдат да бара приведување.

Пред почетокот на судењето Миле Јанакиески во судницата коментирал дека еден од адвокатите во „Титаник“ се вратил деновиве од Франција каде има заразени од корона и наместо да биде во самоизолација го забележал во судот. Адвокатот не се појави на „Титаник“ но бил на „Транспортер“. Во разговор за Телма тој потврди дека бил во Франција, но дека не бил во ризично подрачје, рече ќе си оди дома а дошол во суд за да се пријави и да назначи замена за него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести