„НСДП дава поддршка на промена на изборниот модел за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во насока на пропорционален изборен модел со една изборна единица, без изборен праг“, се наведува во соопштението.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 ноември, 2019 15:28

ТИТО ПЕТКОСКИ НА ЧЕЛО: НСДП избра шеф на изборниот штаб за предвремените избори!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Централниот одбор на НСДП денес одржа главна седница на која се разговараше за подготовка на партијата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април наредната година.

Денеска се формира Централен изборен штаб, со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Кристијан Трајковски. Од партијата соопштија дека НСДП дава поддршка на промена на изборниот модел за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во насока на пропорционален изборен модел со една изборна единица, без изборен праг.

Исто така на седницата на Централниот одбор се потврди ставот дека потребна е промена на постоечкиот пропорционален изборен модел, со шест изборни единици.

„Во оваа насока, НСДП е на став парламентарните политички партии да демонстрираат јасна политичка волја Собраните на Република Македонија, до своето распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, да го донесе новиот закон за јавно обвинителство и да се одблокира работата на Комисијата за избори и именувања, со цел овозможување на функционирање на регулаторните тела кои се во нејзина надлежност.

Ценејќи го надворешно-политичкиот контекст на земјата, во кој не по своја волја и заслуга се најде Македонија, НСДП ги повикува парламентарните политички партии да посветат повеќе внимание и да се вклучат во зајакнување и развивање на дипломатската активност на Собранието на Република Македонија, со посебен фокус на унапредување на надворешно-политичките односи кои ги имаме со Франција“, соопштија од партијата.

По долгогодишното членство во СДСМ, на 30 ноември 2005 година Тито Петковски ја формира Нова социјалдемократска партија (НСДП)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести