Вчеравечер Трамп беше итно пренесен во болница откако добил симптоми на Ковид 19. Неговиот лекар соопшшти дека чувствува замор има грозница и покачена температура, а почнал да зема антивирусен лек Ремдесивир.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2020 14:15

„Ти си војник, ќе го победиш ова- Иванка Трамп со трогателна порака на Твитер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Странските медиуми се преплавени со веста дека американскиот претседател Доналд Трамп е заразен со коронавирусот, и дека неговата здравствена состоја се влошила.

Вчеравечер Трамп беше итно пренесен во болница откако добил симптоми на Ковид 19. Неговиот лекар соопшшти дека чувствува замор има грозница и покачена температура, а почнал да зема антивирусен лек Ремдесивир.

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател напиша трогателна порака на Твитер.

Таа даде поддршка на својот татко и вели дека верува во тоа дека тој ќе го победи вирусот.

„Ти си војник и ќе го победиш ова. Те сакам, тато“, напиша Иванка на Твитер.

Трамп беше префрлен во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“.

Од болницата соопштиле дека за сега неговата здравствена состојба е под контрола и не му бил потребен  „дополнителен кислород“.

Тој утринава се огласи на социјалната мрежа Твитер и напиша дека за сега е добро.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

Остануваат триесет дена до крајот на кампањата, а сите најавени настани во кои се вклучени членови на семејството на Трамп се исто така привремено одложени.

„Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани од случај до случај и ние ќе го објавиме соодветното соопштение неколку дена однапред“, се вели од кампањата на Доналд Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.