Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 март, 2021 5:57

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на нашиот народ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување.

„ Почитувани граѓани, почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ,

Македонското национално ткиво се распаѓа. Поделбата помеѓу македонците е предлабока и преопасна. Ако вака продолжиме ќе се самоуништиме.

Од друга страна по нашето членство во НАТО, доколку сме паметни, ни се отвора можност следните 5-6 години да бидат т.н.златни години за државата. После денешниот предлог од лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата, јасно е дека Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на Македонскиот народ. Не сакам да навлегувам зошто е таков ставот на Заев или пак зошто е таков денешниот одговор на Мицкоски, мене ниту едното ниту другото не ми е важно. Она што мене ми е важно, што е тоа што е во интерес на државата, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ се наоѓало на историски крстосници многупати досега. Ова е една од нив.

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување.

Да не кажувам нешто што е познато на секого. Ако се пропушти крстосницата и се погреши патот, тогаш ќе мора долго враќање назад за да се најде повторно таква крстосница.

ВМРО ја пропушти крстосницата со преспанскиот договор, и добивме договор за кој тврдам, дека ако ВМРО и СДСМ беа сплотени, ќе беше далеку подобар. Обврска на ВМРО е да ги штити националните интереси на Македонија. Обврска на ВМРО е да го исполни вториот дел од своето име, демократска партија за македонско национално единство и да делува во насока на обезбедување на ова единство.

Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања.

Сега е момент на обединување во рамки на ВМРО, а потоа и помирување на македонската нација, со активно учество на ВМРО во тоа. Ако ВМРО не учествува во ова, пропаѓањето ќе продолжи, иселувањето ќе продолжи и на крај ќе ја изгубиме државата целосно.

Наша обврска е на историјата да и погледнеме во очи и да ја преземеме нашата одговорност. Ако не го направиме тоа, тогаш ќе пропуштиме историска шанса и ќе бидеме директни учесници во пропаста на државата.”

Повеќе >> novatv.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести