Ако Германците им се извинија на Пољаците и Евреите за злосторствата во Втората Светска Војна, зошто Бугарија да не им се извини на Македонците за злосторствата во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна? Тоа е големина и величина!

Објавил: admin@magazin | 11 октомври, 2019 23:07

ТОДОР ПЕТРОВ: „Фашистичка Бугарија да се извини на Македонците за злосторствата во Балканските војни„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фашистичка Бугарија мора да се извини за сите општествени неправди кон Македонците во Балканските војни.

 ФАШИСТИЧКА БУГАРИЈА

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Ако Германците им се извинија на Пољаците и Евреите за злосторствата во Втората Светска Војна, зошто Бугарија да не им се извини на Македонците за злосторствата во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна? Тоа е големина и величина!

Бугарија мора да се извини за сите историски и општествени неправди кон Македонците во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна: Окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ! Едноставно МОРА, тоа е чекор на добра волја за македонско-бугарско помирување, основа за склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, вез основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебноте односи! Се’ друго е гола вода.

Договорот на Бојко Борисов со шарлатанот Зоран Заев од 1 август 2017 година е ветер и магла, за Македонците тој договор не важи, за Македонците тој договор е ништовен, ревизијата за нова политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија по рецептите на Софија е неприфатлива, никогаш нема да важи!

Терироријалните претензии на Софија кон Македонија ги отфрламе, тие никогаш нема да важат!

Софија мора да го заборави неизживеаниот романтизам за Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година. Санстефанска Бугарија постоела само три месеци на хартија до Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година и била руска фикција: Москва преку Кавала и Солун да излезе на Медитеранот, после руско-отоманската војна 1877-1878 година!

Сојузот меѓу Бугарија и Германија во Втората светска војна е историски факт, тоа не е фатаморгана. Бугарскиот Цар Борис III бил другар со германскиот фирер Хитлер, тоа не е никаква тајна.

Тајна не е ниту бугарската фашистичка окупација врз Македонија. Бројните ѕверски убиства, спомнувајќи ја само Ваташа, се сведоштва низ целата територија на Македонија.

Тајна не е ниту депортацијата на Евреите од Македонија во конц-логорот Треблинка! Ја извршиле бугарските фашисти!

И што бара сега Софија, плочки во Македонија на секој камен на кои ќе пишува “тази дупка не е дупка”?!

Впрочем, што слави Владата на Зоран Заев на 11 октомври ако не постоела бугарска фашистичка окупација врз Македонија? Од кого се ослободувале и против кого се бореле Македонците во Втората Светска Војна? Кој ги депортирал Евреите од Македонија во концентрациониот логор Треблинка? И уште многу што…

Затоа велиме, било да не се повтори. Ама, тоа што се случило не се ретушира, се сторило… простуваме, но не забораваме…

Доблесните и мудрите се извинуваат, простите и грешните се одмаздуваат.

Беа со Хитлер, беа со Сталин, сега се со ЕУ и НАТО… избегаа од Македонија, и’ ги врзаа корените на бугарската нација во Татарстан, Кина и Монголија… утре може да бидат и со Луцифер ако не се и сега…

И покрај се’ и после се’, Софија нова историја за Бугарија не може да напише преку Македонците и Македонија. Тоа е завршена приказна.

Повторуваме, основата и на Бугарија е Македонија, ќе дојде ден ќе им текне, ферментацијата е процес на зреење.

Колаборационисти и врховисти, одродници и предавници, за пари се наоѓаат, и тука и таму, ама врз нив и со нив добрососедство и братство не се гради.

И покрај се’ и после се’, макар и еднострано, Македонците декларираат дека: Македонија не е ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Сите сме делови од исти империи на овие простори и сите носиме заедничко културно-историско наследство. Тоа не е ниту срам ниту грев.

Така било, така и ќе остане! Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Никогаш северна, само Македонија! Амин!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...