Од 26 до 30 јануари 2003 година, делегација на Светскиот Македонски Конгрес предводена од претседателот Тодор Петров престојуваше во Египет. На 27 јануари 2003 година, делегацијата на Светскиот Македонски Конгрес ја посети Амбасадата на Македонија во Каиро и амбасадорот Јошко Станковиќ.

Објавил: Владо Марин | 13 октомври, 2020 21:26

Тодор Петров: Македонците не ги изградија манастирите и црквите да ги продавате на душманите и да тврдите дека сме Срби, Бугари или Грци

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

“Ако Бог е со Вас, кој е против Вас?“ рекол Светиот Апостол Павле. Македонската Православна Црква, да не бидеме претенциозни и Првославна е помесна автокефална црква и дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква! Нашето постоење не зависи од српското, бугарското или грчкото признавање, како што нивното постоење не зависи од нашето признавање.

Македонската Православна Црква нуди рака на евхаристиска заедница и канонско единство на сослужение со сите православни цркви, па и со Српската, Бугарската и грчките православни цркви.

Светиот Апостол Павле првите цркви во Европа ги изградил во Македонија, затоа што на сон му се јавил Македонец и му рекол “Дојди во Македонија и помогни ни!“ И дошол Светиот Апостол Павле во Македонија и ги изградил првите цркви во Бер, Солун и Филипи, ја покрстил првата христијанка во Европа, Лидија Македонката, Лидија од Македонија!

Како што светот ниту започнува во Брисел ниту историјата таму завршува, така и за вера во Бога не е потребна лиценца од грчките фанариоти кои од верата креирале етнос за да создадат монолитна нација наречена Елада, во која никој освен Грк “по род“ не може да биде епископ, рамно на расизам и фашизам инаугурирани во догма!

И не случајно во членот 1 од Уставот на таа новоформирана држава во 1831 година напишале: Грк е секој христијанин во државата Елада и во окупираните територии од Отоманската Империја!

Ако прашате грчки поп и денес “Што значи Грк?“ тој ќе ви одговори “Грк е тој што е крстен!“ А на прашањето “Што се тие кои не се крстени?“ ќе ви одговори “Тие се Турци!“ Затоа што Турчин за нив бил синоним за муслиман! И затоа во Елада сите се православни односно Грци по Устав, иако Грци по род во Елада нема!

Ако сме автокефална црква, ако имаме апостолско приемство од Светиот Апостол Павле, и тоа е запишано во Уставот на Македонската Православна Црква… Ако Папата вели дека христијанството во Европа доаѓа од Македонија…

Ако Рускиот претседател вели дека писменоста во Русија доаѓа од Македонија… Ако светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј се патрони на Европа… Ако 955 година во Соборната и Архиепископската Црква “Света Софија” во Охрид, од Охридскиот Архиепископ Тимотеј е покрстена и крунисана Великата руска кнегиња Олга… Ако во 987 година, исто така, во црквата “Света Софија”, од Охридскиот Патријарх Николај бил покрстен внукот на Великата руска кнегиња Олга, Великиот руски кнез Владимир, кој да го зацврсти братството со Самоиловото Царство, се жени по четврт пат со Самоиловата внука Охриѓанката Марија, Македонка, со која имаат два сина, Давид и Роман, подоцна замонашени како Борис и Глеб, првите светители на Руската Црква, денес патрони на Руската Армија… Ако Великата руска кнегиња Олга била првата покрстена рускиња, а нејзиниот внук Владимир, откога и тој се покрстил во Охрид, ги покрстува сите Руси во Киевска Русија… Ако Римскиот Папа Никола I, роден 820 година, поглавар на Римската црква од 24 април 858 до 13 ноември 867 година, во 859 година рекол дека за Римската курија вистински цркви се оние основани од апостоли: Охридската, Римската, Антиохиската и Александриската…

Тогаш, за кои шарлатани, Заев црпнатиот од муртинските ниви и Борисов личното обезбедување на бугарскиот претседател Тодор Живков, нашите епископи се спремни да ја продадат верата во Бога и верата на Македонскиот народ во Црквата на која и’ служат, барајќи мајка црква во Српската, Бугарската и сега Грчката, ќерки на Охридската Арпиепископија и Патријаршија односно Јустинијана Прва? Зошто ни е признавањето од грчките фанариоти?

Клетниците гракат, сме биле во “раскол“ ако не сме биле миропомазани од гркот Вартоломеј, кој е претстојател на Црква која не е формирана од Апостол, туку статусот и’ го определил инороден владетел Султанот за да ги држи во покорност христијаните во Отоманската Империја!

Тогаш, кој е во раскол со Бога? Тој кој пребива во вистината или тој што се соблазнува на лагата и на сите, стопати повторената лага ни ја продава за вистина?

И зарем сега, заради лукративноста на шарлатанот Заев, треба цел еден народ да ги прифати неговите лаги, иако велепредавството ни го продава за демократија, да не’ продаде на блудницата вавилонска и алијансата окупаторска?

Ако сме со Бога, зарем ни треба лиценца за вера во Него? И од кого? Од грчките фганариоти кои со клевети пред Султанот во 1767 година изнудиле забрана за административното работење на Охридската Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва?

Ако сите сме деца Божји, а Бог Е Еден и Единствен, што се тие кои не се со Вартоломеј и грчките фанариоти, кои со минорно малцинство, сакаат да држат монопол врз верата на овој свет во Бога?

Источната и Западната Црква 1000 години пребиваат во взаемен раскол, та ниту на едните ниту на другите им пораснале рогови поради тоа. Протестантите го сметаат Папата за гласник на Сатаната, па никој не се откажал од крстот и верата во Бога!

Ние Македонците православни немаме спор со Српската, Бугарската, грчките православни цркви… Нам не ни’ треба решение на “спор“ кој не постои, како алиби за обезименување, поради промената на името на државата и идентитетот на нацијата.

И затоа, отфрлете ја “северна“, ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на Црквата ни верата во Бога!

Не продавајте ја автокефалноста на Охридската Архиепископија и Патријаршија односно Јустинијана Прва возобновена во лицето на Македонската Првославна Црква како помесна автокефална црква и како дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква!

Американскиот унилатерализам и европскиот центризам одамна се трајно минато свршено време. Светот се гради на мултиполарни основи и Македонија мора да се прилагоди на новата геополитичка карта на меѓународната заедница. Ако не ми отвориш ти, нема да умрам пред твојата порта. Светот е преголем да останеме заковани и закатанчени пред тие што ниту не’ сакаат ниту не’ признаваат, кои вршат најтешки кривични дела велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, со повреда на угледот на државата Македонија, излагање на подбив на Македонскиот народ и загрозување на независноста доведувајќи ја државата Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга земја!

Непримерно е луѓе од другата страна на барата да посредуваат кај Цариградскиот Патријарх за статус на Македонската Православна Црква, а од друга страна да ни лиферуваат вести дека Македонската Православна Црква не смее да биде експозитура на Руската Православна Црква преку која се остваруваат интересите на Путин во Македонија и на Балканот! Елементарни глупости од највисок калибар!

И не заборавајте, Македонците не ги изградија манастирите и црквите да ги продавате на душманите и да тврдите дека сме Срби, Бугари или Грци, да барате мајка во Српската, Бугарската или грчките цркви! Македонците не плаќаат даноци за велепредавници да им го менуваат името на државата и идентитетот на нацијата! Еден ден, тоа по тилот ќе Ви се врати, одродници и изроди!

Од 26 до 30 јануари 2003 година, делегација на Светскиот Македонски Конгрес предводена од претседателот Тодор Петров престојуваше во Египет. На 27 јануари 2003 година, делегацијата на Светскиот Македонски Конгрес ја посети Амбасадата на Македонија во Каиро и амбасадорот Јошко Станковиќ.

Истиот ден, делегацијата на Светскиот Македонски Конгрес ги посети Коптскиот музеј и коптските цркви “Свети Сергеј“ и “Свети Ѓорѓи“, како и црквата на Александриската Патријаршија “Свети Ѓорѓи“. На 28 јануари 2003 година, делегацијата на Светскиот Македонски Конгрес беше примена од Неговата Светост Шенуда Трети Патријарх Александриски и Папа на цела Африка, со архиереи на Коптската Црква. Неизвесен беше приемот кај Коптскиот Патријарх поради неговата старост и болест. Ни беше кажано да чекаме, ако дојде ќе не прими, но и дека е можно да не се појави во поглаварската резиденција во Каиро. Чекавме речиси три часа. Како Господ Бог да ги услиши нашите молитви, Коптскиот Патријарх се појави во неговата резиденција. Бројни верници го чекаа, но делегацијата на Светскиот Македонски Конгрес имаше приоритет. Коптскиот Патријарх веќе знаеше дека сме од Македонија. Не’ изненади срдечниот прием и разговорот што го имавме со Него.

Му раскажавме накусо за историјата на Македонската Црква и односите со српската, бугарската и грчките цркви, барањето на Атина за промена на државното име Македонија… Патријархот внимателно не’ сослуша и праша “Дали Македонската црква има апостолско приемство?!“ “Да, – одговориме – Македонската црква има апостолско приемство од Светиот Апостол Павле!“ Патријархот мудро ни возврати “Ако имате апостолско приемство, што барате од Србите, Бугарите, Грците?

Какво признание барате од нив? Од нив ли барате лиценца за вера во Бога? Од Грците ли барате дозвола за вера во Господ Бог Исус Христ? Ние, Коптската црква, го имаме истиот проблем со Грците и овде во Египет. ЈАС сум Патријархот Александриски и Папа на цела Африка, а не оној Гркот што седи во Александрија.

Со помош на Британците од времето на британската окупација грчките фанариоти ги запоседнаа нашите коптски манастири, половина од манастирите ни ги поделија наполу со бетонски ѕидови. И ние истите проблеми ги имаме со нив овде во Египет. Не очекувајте никакво признание од Грците, ниту од грчките цркви!

Вашата вера во Бога е доволно сведоштво со апостолското приемство од Светиот Апостол Павле какво што е нашето од Светиот Апостол Марко!“ Ни даде благослов, упати поздрави до Македонската Црква и до Архиепископот Охридски и Македонски, изрази желба да ја посети Македонија, меѓутоа рече дека е во години и староста не му дозволува многу да патува.

Откако му предадовме подароци од Македонија, се разделивме… Презадоволни, заминавме од резиденцијата на Коптскиот Патријарх, збогатени со поуките кои ни ги упати. Приказната се врежа во нашите мисли, поуката за Грците уште повеќе… Патријархот Шенуда Трети се упокои на 17 март 2012 година…

И затоа…

Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ Македонски.

И наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски – Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци, исфрлајќи ги преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија! Македонија фениксот, Македонците пирејот!

Борбата продолжува до победа и слобода за Македонците и за Македонија!

За навек Македонската Пр(а)вославна Црква, една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва, дел од Вселенскиот Собор!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Пишува Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...