Ноќеска во 22 часот завршува рокот за поднесување на приговори за референдумот, Тодор Петров и СМК со барање за отворање и увид на целиот материјал од гласањето

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 13:53

Тодор Петров побарал увид во целиот материјал од референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на референдумот и се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница.

Со еден од приговорите се бара увид во целокупниот материјал од гласањето.

Рокот за поднесување на приговорите истекува вечер во 22 часот. 

Според информациите од ДИК, два од приговорите се однесуваат на едно избирачко место во Куманово и се со иста содржина. Еден од набљудувачите на ова избирачко место ги поднел овие два идентични приговора во кои тврди дека претседателот на избирачкиот одбор ја злоупотребил должноста со корекции на записникот од гласањето.

Останатите четири приговори се поднесени од Тодор Петров и од Светскиот македонски конгрес.

Тодор Петров во еден од приговорите бара отворање и увид на целиот материјал од гласањето на референдумот.

А друг приговор е поднесен за едно избирачко место во Виница, каде, како што било наведено во приговорот, недостасувале седум од неупотребените гласачки ливчиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести