Претходно таа понуди гаранција од три станови, но Кривичниот суд не ја прифати. Сега оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 15:57

Толку од Шутка: Катица Jанева пуштена во куќен притвор без никаква гаранција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Апелациониот суд во Скопје  ја прифати жалбата на поранешната специјална обвинителка за нејзино префрлување во домашен затвор. Катица Јанева оди во куќен притвор, објави Република.

Претходно таа понуди гаранција од три станови, но Кривичниот суд не ја прифати. Сега оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

Како што дознаваме, Јанева куќниот притвор ќе го издржува во станот на нејзиниот син во Скопје.

Јанева издржуваше притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари од нејзиното приведување на 21 август годинава, кога беше уапсена како третоосомничена во „Рекет“.

Инаку Катица Јанева на функцијата шефица на СЈО дојде со помош на меѓународниот фактор.

СЈО важеше за институција во која народот имаше голема доверба и секој граѓанин веруваше дека конечно една институција ќе застане позади правдата и ќе го искорени криминалот а ќе ги гони криминалците и конечно ќе завладее правдата во Македонија.

Јанева беше третоосомничена откако италијаснскиот новинар на Лаверита ги објави снимките  за примање на поткуп за ослободување од обвинение и од притвор на бизнисменот Камчев.

Во мега скандалот Рекет  прво обвинети се наводниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски или Боки тредичи и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец кој е близок  соработник и на Камчев но и на екс шефот на УБК Мијаков а само неколку дена по нив во притвор заврши и сега веќе поранешната шефица на СЈО Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.