Томор Морина е во притвор повеќе од две седмици. Тој беше уапсен на 24-ти јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.

Објавил: Весна Петровска | 12 август, 2019 15:02

Томор Морина ќе биде на слобода

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Алсат објави дека има сознанија дека е донесена одлука за ослободување на пораншниот припадник на ТКН Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, кој беше уапсен од македонската полиција по потерница од Интерпол распишана од Србија.

Телевизија Алсат-м дознава дека е донесена одлука за ослободување на Морина, стои во нивната кратка вест објавена на нивниот сајт.

Томор Морина е во притвор повеќе од две седмици. Тој беше уапсен на 24-ти јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, беше приведен во Македонија по налог на меѓународната полициска организација Интерпол изаден од Србија која го обвинува за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.

Белград веќе побара официјално барање за екстрадиција во Србија, но ова барање прво треба да го разгледа Кривичниот суд во Скопје. Сепак, одбраната на Морина минатата седмица соопштио дека не верува оти поранешниот војник на ОВК ќе биде екстрадиран во Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести