Михајловски вели дека омилена строфа од химната му е “Не плачи Македонијо, мајко мила, крени глава гордо високо”, додавајќи дека нема да биде изненаден доколку се појави предлог за нова химна на најновата држава на Балканот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 1:42

Тони Михајловски распали на Фејсбук: “Мене омилена строфа се уште ми е “Не плачи Македонијо, мајко мила”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот Тони Михајловски на својт Фејсбук профил се огласи по скандалот со изведувањето на македонската химна од страна на Тамара Тодевска. 

Фејсбук статусот на актерот Тони Михајловски

Михајловски вели дека омилена строфа од химната му е “Не плачи Македонијо, мајко мила, крени глава гордо високо”, додавајќи дека нема да биде изненаден доколку се појави предлог за нова химна на најновата држава на Балканот.

Мене омилена строфа сеуште ми е “Не плачи Македонијо, мајко мила, крени глава гордо високо”. Во таа строфа јас, некако ја слушав пораката од предците, и решението за иднината. Да престанеш да плачеш, и со крената глава, прауд шо би рекле, да се фатиш во костец со сите предизвици и борби за Македонија и Македонците. Но таа строфа одамна не се пее. Ја исфрлија и тоа со указ, чинам.
Легендата вели дека имало друга химна пред оваа, дека стихот “од гроб станаа славните ѕидари на Крушевската Република” е заменет со познатиот “Од ново сега знамето се вее на Крушевската Република”, дека Никола Карев е исфрлен од оваа химна.
Можеби ќе звучи страшно, но нема да ме изненади ако се појави предлог за нова химна на најновата држава на Балканот. Можеби веќе некаде, некој музичар полицаец, ги “везе” нотите и зборовите за северната папазјанија, од едноставна причина што во официјалната химна сеуште има многу Македонија. Многу повеќе одошто тие, и нивните пријатели околу нас, можат да поднесат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.