Одлуката за замена на притворот со гаранција ја донел Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1, а на Јакимовски му се изречени мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот и има обврска еднаш во неделата да се јавува во судот.

Објавил: Перо Милчин | 14 февруари, 2020 16:05

Тони Јакимовски десната рака на Сашо Мијалков излезе од притвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков обвинет во случајот „Спец каса“, по една година помината зад решетки излезе од притвор.

Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдуваат дека Јакимовски се брани од слобода од 11 февруари.

Одлуката за замена на притворот со гаранција ја донел Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1, а на Јакимовски му се изречени мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот и има обврска еднаш во неделата да се јавува во судот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, минатата година издаде наредба за спроведување против овие лица, дека како вработени во УБК ја злоупотребиле својата службена положба и го оштетиле буџетот за 50.670.000 денари.

Тони Јакимовски е обвинет и за случајот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за нелегално прислушување, а се товари и за проневера на голема сума пари. Јакимовски е осомничен и за уништување на опремата од нелегалното прислушување, во вредност од 10 милиони евра.

Горан Грујовски е прво осомничен за случајов, кој беше началник на Петтата управа на МВР, а кого министерот Митко Чавков го разреши, а додека пак второ осомничен е Јакимовски, а трето осомничена е ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Тони Јакимовски е еден од луѓето на Сашо Мијалков кои во УБК се префрлија во 2006-та, а потекнуваат од армијата и од воената безбедносна служба. Девет години бил десна рака на Мијалков како шеф на одделот за координација на УБК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести