Вкусно топено сирење.

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2019 22:27

ТОПЕНО СИРЕЊЕ СО КУЛЕН!

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Ви се најавија гости, а немате доволно време да приготвите нешто вкусно? Ние ви предлагаме совршен рецепт за топено сирење од кои сите ќе бидат задоволни. 

Сирењето е најубаво кога специјално ќе се подготви со додаток на зачини и сувомеснато и сето тоа ќе се растопи во земјен сад во фурна.

Традиционално топено сирење со кулен, кашкавал и павлака. Вкусете го.

Состојки:

1 парче сирење
1 парче кашкавал
100 гр Пекабеско кулен
200 гр кечап
200 гр павлака
оригано

Начин на подготовка:

Во земјен мал сад ставаме еден ред павлака, потоа кечап и малку оригано.
Врз тоа редиме неколку парчиња кулен во еден ред, па поголеми парчиња сирење, исто така еден ред.
На крајот, ставаме подебел слој рендан кашкавал.
Се пече во рерна загреана на 220 степени околу 20тина минути.
Со ова топено сирење ви препорачуваме и форнаринки.

Оваа доза е доволна за три мали земјени садови.

Добар апетит!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.