Утре во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Објавил: Владо Марин | 25 април, 2020 9:18

ТОПЛО ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ: Детална временска прогноза!

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

За време на овој викенд, под влијание на значително потопла воздушна маса од југ времето кај нас ќе биде сончево и релативно топло.

Ќе има појава и на мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува.

Утре во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени денес, и од 17 до 25 степени во текот на утрешниот ден.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималната дневна температура за време на овој викенд се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа на почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, особено на планинските места. Температурите на воздухот нема многу да се менуваат, што значи дека и понатаму ќе продолжи пролетното топло време.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...