Таа е неодолива и совршена и за родендени, но и секогаш кога сакате да пробате нешто поинакво.

Објавил: Македонка Димкин | 17 ноември, 2018 17:49

Торта со бело чоколадо и печени лешници како спој за убавата вечер

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Ова е највкусната торта од бело чоколадо која можете да ја направите во својот дом, а зимските празници се одличен повод за тоа. Таа е неодолива и совршена и за родендени, но и секогаш кога сакате да пробате нешто поинакво.

Состојки

За кората:

15 белки

375 гр. шеќер

375 гр. мелени лешници (можат да бидат и ореви или бадеми)

За фил: 15 жолчки, 15 лажици шеќер, 375 гр. путер, 150 гр. бела чоколада

Начин на подготовка:

жолчките изматете ги со шеќерот и сварете ги на пареа, фино и густо. Тоа значи дека кога ќе минете со лажица по дното треба да остане трага која полека се затвора. Кремот оставете да се излади.
Рерната вклучете ја на 200. степени. Плех (26х31 см) намачкајте со масло, покријте со хартија за печење, па и неа лесно намачкајте ја со масло. Направете три кори, секоја од по 5 белки, 125 г. шеќер и 125 г. лешници.
Белките изматете ги со малку сол, да станат пенести па додајте го шеќерот и матете додека не добиете сјаен и цврст шам. Со лажица вмешајте ги лешниците, полека, со движења одоздола кон нагоре. Подготвената смеса истурете ја во подготвен плех. Израмнете и печете 15 – 20 минути. Кога кората ќе биде печена се одвојува од ивиците на тавата.
Испечената кора превртете ја на хартија за печење поставена на работна површина, извадете ја хартијата на која се печела а кога ќе се излади исечете на три ленти.
Додека првата кора се пече подгответе ја втората и така додека не ги испечете сите три.
Кога жолчките ќе бидат убаво изладени изматете го путерот и матејќи поврзете со жолчките. Белото чоколадо истопете го на пареа и поврзете со кремот. Изматете лесен и воздушест крем.
Филување: мачкајте ги корите и редете една врз друга, украсете по желба.

Уживајте во убавиот вкус

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.