Случајот „Рекет“ ако се заврши брзо, на основа на докази и постапки, има надеж за судството, рече новинарот Александар Чомовски а на него се надоврза Тортевски:

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 ноември, 2019 9:56

Тортевски: Ќе оди брзо судењето за „Рекет“и ќе има сериозни казни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на 21ТВ, адвокатот Александар Тортевски истакна дека судењето за случајот Рекет кое е закажано за 3 ти идниот месец ќе оди брзо а сите вмешани во рекетот ќе добјат соодветни казни.

Случајот „Рекет“ ако се заврши брзо, на основа на докази и постапки, има надеж за судството, рече новинарот Александар Чомовски а на него се надоврза Тортевски:

-Јас во периодот додека сум бил во СЈО немало ништо од овој случај, реплицираше адвокатот Александар Тортевски.

Адвокатот Александар Тортевски вели дека судењето за случајот Рекет закажано за 3 ти декември ќе оди брзо и ќе се добијат сериозни казни…

Aдвокатот истакна дека „Рекет“ брзо ќе биде процесиран и со сериозни казни за инволвираните.

-Сигурен сум дека ќе оди брзо. Обвинителството прави грешка со мегапредмети. Кога имате 70-80 обвинети и голем број докази тешко оди, рече Тортевски.

Од друга страна пак аналитичарот Петар Арсовски вели дека токму случајот „Рекет“ може да влијае најмногу врз изворните резултати на пролет.

-„Рекет“ по мене е најголемата варијабла која најмногу влијае на рејтингот на сите партии во предизборието. Помалку, според мене, од недобивањето на датум за ЕУ, помалку од која било варијабла бидејќи се сите политички елити вмешани внатре, бидејќи го покажува најлошото лице на македонската правда и тука губитници се сите политички елити, истакна тој во гостувањето на „Клик Плус“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести