По емисијата, во саботата, премиерот одговори на прашање на Алфа во кое меѓу другото, тврдеше дека станува збор за човек, мислејќи на Тошевски, кој е пред извесно време осуден.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 декември, 2019 11:11

Тошевски: Заев лаже, никогаш не сум бил осудуван!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизнисменот Киро Тошевски кој на јавноста и е познат по тоа што јавно проговори за притисоците од премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, во реакција за телевизија Алфа вели дека изјавие на премиерот дека бил осудуван е тотална невистина.

Тошевски приложи две потврди од судот дека досега не бил осудуван, едната е со дата 16.2.2018, а другата со датум три дена по изјавата на Заев односно на 17.12.2019.

„Изјавите на премиерот Зоран Заев се целосна невистина, досега никогаш не сум осудуван“, вели во реакција за Алфа бизнисменот Киро Тошевски.

Тошевски обвинува дека премиерот и неговиот брат, злоупотребувајќи ја власта сакаат да му го земат атрактивниот имот и земјиште лоцирани меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН.

По емисијата, во саботата, премиерот одговори на прашање на Алфа во кое меѓу другото, тврдеше дека станува збор за човек, мислејќи на Тошевски, кој е пред извесно време осуден.

Бизнисменот Тошевски по ова приложи две потврди од судот дека досега не бил осудуван, едната е со дата 16.2.2018, а другата со датум три дена по изјавата на Заев односно на 17.12.2019.

-Одговорно изјавувам, вели Тошевски во демантот, дека досега не сум осудуван. Истовремено јавно го повикувам премиерот да одговори од каде му се информациите за мојата наводна осудуваност, додава тој.

Тој на јавноста и е познат по дуелот кој го имаше со бизнисменот Зоран Азманов а го обвинува братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев за рекетирање во обид за атрактивен плац во Скопје. Како што ни објаснува Тошевски, се работи за локација на која Вице сакал да направи болница, но не сакал да ја плати полната цена за локацијата која изнесувала околу 4 милиони евра.

Тошевски во емизијата на тв АЛФА приложи и СМС порака испратена од премиерот Заев до него.

-Штом верувате дека мојот брат ви направил нешто лошо, јас со него ќе се скарам и ќе му наредам да се тргне комплетно од што и да разговара со вас и што и да прави со вас комплетно да се тргне, стои во пораката што ни ја испрати Тошевски, скенирана од неговиот телефон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести