Пендаровски основно образование завршил во „Кирил и Методиј“, а гимназијалските денови ги поминал во „Цветан Димов“, практично каде и пораснал. Тој детството го поминал во Чаир и Бутел 2 а со семејството живее во Автокоманда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2019 11:23

Тој е тврдоглав галичанец кој не ја сака адвокатурата- Пендаровски низ очите на своите соработници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Петтиот по ред претседател на македонија, Стево Пендаровски беше  избран на претседателските избори во 2019, како кандидат на СДСМ, а на функцијата стапи на 12 мај 2019.

Пендаровски основно образование завршил во „Кирил и Методиј“, а гимназијалските денови ги поминал во „Цветан Димов“, практично каде и пораснал. Тој детството го поминал во Чаир и Бутел 2 а со семејството живее во Автокоманда.

Пендаровски е дипломиран правник на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1983–1987). Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при истиот универзитет на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“.

Соработниците го опишуваат како тврдоглав, не ја сакал адвокатурата и понекогаш ги покажувал своите Галички корени…

Докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“. Од 2008 година навака, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.

Во интервју за 360 степени неговите блиски пријатели и поранешни соработници објаснуваат каков е Стево приватно. Пендаровски по завршување на правните студиии две години работел како приправник во адвокатската канцеларијa на Рафаел Черепналковски, каде работел заедно со заедно со актуелниот заменик – министер за правда Оливер Ристовски кој во интервјуто го опишува Стево како тврдоглав. Тој вели дека Стево баш и не ја сакал адвокатската професија а Вработувањето во МВР  го доживеал како „спас“ од адвокатурата.

„Сега да бидам искрен, Стево нема да ми се налути претпоставувам, адвокатурата не го влечеше воопшто. Кафаната „Алтан“ во тоа време беше многу популарна и беше преку една врата од нашата канцеларија, ни беше втор дом всушност, повеќе бевме таму отколку во канцеларија, особено во тоа време кога шефот не ни беше тука, си бегавме од канцеларија заедно. И понекогаш малку тврдоглав за некои работи, тоа е најверојатно галичка некоја  жица, мора да е малку тврдоглав, уште од тоа време му остана, значи потполно ист. Не се смени Стево многу, Стево е многу малку сменет. Не само физички, во своето однесување, во начинот на однесување, во гестикулациите со телото, потполно ист како 87-ма – 88-ма година.“, вели Ристовски.

Целото интервју може да го проследите во емисијата 360 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.