Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2021 20:22

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Фото/Текст извор: ©24 тв

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање на испити во државни институции без конкретен одговор за одговорност зошто дозволиле речиси 8 месеци да не изнајде решение, од кое зависеле и на над 1.500 возачи кои немале каде да полагаат за да добијат сертификат за професионални возачи кој пак го издава Министерството за транспорт и врски.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири како одговорен за тендерската постапка не одговори дали како Влада ќе преземат одговорност затоашто навремено не е спроведена тендерска постапка со што дозволиле голем дел од возачите во меѓународниот превоз да се снаоѓаат како знаат и умеат. Зекири во одговор за ТВ24 вели дека:

По добиеното известувањеод фирмата Инвока дека не е во можност да го реализира договорот за одржување на испити, благовремено преземавме активности за еднострано раскинување на договорот со Инвока и започнавме со процедура за нова набавка. По завршената постапка за јавна набавка договорот е склучен на 17.11.2021 година и веќе од 29.11.2021 година фирмата ќе започне со одржување на испитите з апотребите на институциите.“ – вели, Мухамед Зекири, генерален секретар во Влада. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговорноста за тоа што 12 институции како и тоа дека 1.500 возачи не можеле да полагаат ја лоцираше во Владата и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири. 

На истиот став и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски дека одговорност во неговиот ресор не може да се бара за тоа што над 1.500 возачи не можеле да полагаат оти Владата била одговорна да обезбеди електронско полагање кое пак не им е овозможено на голем број возачи до овој момент. Зошто не им е овозможено втора опција полагање на хартија,Бочварски повикувајќи се на Законот рече оти тоа е така и не може поинаку се додека не се изгласаат измените на Законот за превоз во патниот сообраќај, во Собрание. 

Трагедијата со превозникот Беса Транс открива и големи системски пропусти за превозниците во држава. Околу осум месеци во застој е системот за полагање на сертификати за шоферите а Владата се правда со бирократски процедури.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата.

Еден од двајцата возачи, немал ниту сертификат за професионална компетентност. За такви сертификати ќе може да се полага дури од понеделник, после 8 месеци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.