МВР информираше за неколку тешки инциденти низ Македонија.

Објавил: Весна Петровска | 9 јануари, 2020 21:38

ТРАГЕДИЈА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ: Загина маж

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Трагедија се случи вечерва во Скопје.Вечерва, нешто после 19 часот се случи сообраќајка, кога автомобил удри во велосипедист. Немилиот настан во кој настрада велосипедистот, како што дознава Алсат, се случи во Скопје, на улицата Ацо Шопов.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го истражува случајот.

Останати настани од билтенот:

МВР информираше за неколку тешки инциденти низ Македонија.

Во Куманово се случила семејна драма, син физички си ја нападнал неговата мајка.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 27.12.2019 во семејната куќа во село Доброшане, кумановско, физички ја нападнал неговата мајка Р.Ј.(59), а упатил и закани по нејзиниот и животот на неговиот татко Љ.Ј.(62).

Исто така во Гостивар се случило силување врз 15 годишно девојче.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Б.(52) од село Чајле, гостиварско.

Според пријавеното, квичната е поднесена бидејќи во текот на 2018 година извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка од гостиварско село.

Пријавениот Џ.Б. бил лишен од слобода и одредена му е мерка притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...