Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Објавил: Весна Петровска | 15 јуни, 2019 17:35

Трагедија во велешко – пронајден маж од Косово без знаци на живот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Овчар заминал да ги напасува овците во атерот на село Кочилари, велешко но по неколку часа бил пронајден без знаци на живот.

Трагедијата е пријавена во полиција, и на местото веднаш излегла екипа.

Како што информираат од полицијата, вчера околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Кури Даре“ во атарот на с.Кочилари, велешко, во близина на бачилото сопственост на Џ.Х.(40) и Х.Х.(45), двајцата од с.Кочилари, бил пронајден починат М.Г.(48) од Косово. Според пријавеното, околу 06.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците на Џ.Х. Околу 14.20 часот Џ.Х. го побарал М.Г. на мобилен телефон, а откако не го добил, излегол да го бара, при што, според пријавата, го пронашол без знаци на живот.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...