Тешката несреќа се случила денеска откако возачот изгубил контрола врз автобусот кој потоа се превртел, поради нејасни причини.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 февруари, 2019 15:09

Трагедија во Москва, загинати деца во превертување на автобус (видео)

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во превртување на автобус во близина на Москва седум луѓе загинаа а меѓу загинатите има четири деца кои денес оделе на натпревар по танц во Калуга, град на 200 километри од руската престолнина.

Тешката несреќа се случила денеска откако возачот изгубил контрола врз автобусот кој потоа се превртел, поради нејасни причини.

„Во автобусот кој патувал од Смоленск кон Калуга имало 48 патници, меѓу кои 33 деца“, изјави за агенцијата Интерфакс претставник на руското министерство за вонредни ситуации.

Во несреќата повредени се повеќе од 20 луѓе. Руската полиција сеуште се нема изјаснето по повод овој немил настан што се случи денеска во близина на Москва.

Калуга е град во Русија кои се наоѓа во административниот центар  во Калушката област. Лежи на реката Ока, 188 километри југозападно од Москва. Спрема пописот на население во 2015 во градот живеело 342.396 луѓе.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...