Со помош на четири возила и 11 пжарникари спасени се шест лица кои живееле заедно со жртвата, во семејната куќа на фамилијата Спирковски од Прилеп која се наоѓа на улицата „Никшиќка“ број 10.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 16:32

ТРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП: Жена изгоре во пожар, останатите кои биле во куќата едвај се спасиле

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото архива

Трагедија го потресе Прилеп откако 72- годишната Олга загина утринава во пожар кој избил во семејната куќа. 

Со помош на четири возила и 11 пожарникари спасени се шест лица кои живееле заедно со жртвата, во семејната куќа на фамилијата Спирковски од Прилеп која се наоѓа на улицата „Никшиќка“ број 10.

Методија Николоски од прилепската противпожарна единица, вели дека пожарот бил пријавен во 8,37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шест лица од огнената стихија.

За многу кратко време противпожарната единица со 4 возила и 11 пожарникари пристигна на местото на пожарот. Стихијата избувнала во приземниот дел од куќата. Пожарот се проширил по скалилата на двата ката, но со брзата интервенција спречено е да ги зафати катовите. Спасени се човечки животи, шест лица се извлечени, но за жал еден човечки живот е загубен од пожарот – информира Николоски.

Пожарот избил во долниот дел на куќата каде што и живеела жртвата, Олга.Таа во куќата живеела со своите синови. Во моментот кога се случил пожарот, на првиот кат бил еден од нејзините синови со двете ќерки, а на вториот кат биле мајката и ќерката.

Една од сосетките која живее до опожарената куќа на Спирковски, вели дека забележала чад и оган уште рано изутрината.

– Забележав пламен и чад кои излегуваа од приземјето, од гаражата, од просторијата каде што живееше 72-годишната сосетка. Потоа од првиот кат таткото ги спасуваше двете ќерки, а ќерката и мајката од вториот кат ги спасуваа пожарникарите. тешко беше, глетката беше страшна. Се извлекуваше автомобилот за да не настане експлозија – вели сосетката.

Увид на местото на пожарот направил основен јавен обвинител при што била констатирана смртта на 72-годишната жена. Се уште не е позната причинта за пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести