На местото на несреќата веднаш биле повикани медицинска екипа и спасувачи кои моментално ги прават сите напори за да ги извадат преживеаните од автобусот бидејќи постои можност за негово потонување во реката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 декември, 2019 15:11

Трагедија во Русија: 19 лица загинаа откако патнички автобус се излизга во замрзната река

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема трагедија се случи во Русија каде загинаа 19 патници откако на преполн автобус му се скинала гума и се лизнал од мост паѓајќи на покрив врз замрзната река.

Превртен автобус во Русија, загинати 19 лица…

На местото на несреќата веднаш биле повикани медицинска екипа и спасувачи кои моментално ги прават сите напори за да ги извадат преживеаните од автобусот бидејќи постои можност за негово потонување во реката.

За сега е познато дека меѓу загинатите има и две деца .

Како што може да се забележи на видео снимките автобусот е превртенна кров, на снежна површина каде се видливитраги од крв, а прозорците се целосно скршени.

Како што пренесоа тамошните медиуми, несреќата настанала откако  пукнало предното тркало на автобусот, во кој имало 43 патници. Возилото се лизнало додека го преминувало мостот преку реката Куенга во реонот Забајкал во рускиот далечен исток.

Во полициското соопштение стои дека возилото се лизнало од мостот и паднало во реката.

Рускиот истражен комитет отвори кривична истрага за евентуално кршење на безбедносните регулативи.

За сега епознато дека 19 лица се загинати, меѓу кои и две деца и возачот на автобусот, а 14 повредени патници се хоспитализирани, додека пак тројца се во животно загрозувачка состојба.

Несреќата се случила по пукање гума, по што возачот изгубил контрола над возилото, изјави портпарол на локалната сообраќајна полиција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.