Детската игра во овие летни денови трагично заврши за осумгодишно девојче од Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 1 август, 2019 15:48

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: 8-годишно девојче се удави во базен во својот дом

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Голема трагедија за семејство од Скопје, се удави дете во базен.

Детската игра во овие летни денови трагично заврши за осумгодишно девојче од Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осумгодишно девојче се удавило во базен во семејната куќа во скопско.

Од Брзата помош информираат дека девојчето било донесено во 22и 30 часот во болница

Исто така МВР информира дека вчера во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ било донесено починато осумгодишно девојче од село Бардовци, скопско.

Девојчето во околу 21:15 часот се удавило во базен од семејната куќа. Од итна медицинска помош била извршена реанимација, по што била пренесено во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

За потсетување, ваква трагедија исто се случи минатиот месец, откако девојче влегло во необезбеден базен во споственост на Јавното претпријатије во Битола.

Од ЈП „Стрежево“ изразија големо жалење за трагедијата.

„Потресени сме од овој немил настан. Базенот е даден под концесија на фирмата ‘Мега груп’ уште пред две години, од претходната власт. И ние прашуваме зошто на базенот немало обезбедување? Нашиот диспечер има обврска да го ја контролира водата во каналот, обезбедување требаше да има приватниот концесионер. Нашата фирма се труди да работи одговорно. По ова, а и по критики од минатата година, детално ќе го разгледаме договорот со концесионерот“, изјави минатиот месец Менде Гранатковски, директор на ЈП „Стрежево

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...