Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три потешки пожари од кои еден на затворено и два на отворено.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 11:42

Трагедија: Дедо од Кочанско жив изгоре палejќи трева

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три потешки пожари од кои еден на затворено и два на отворено.

За жал едниот пожар завршил фатално, односно од огнениот пламен не успеал да се спаси 82 годишниот Б.П. од Кочанско. Пожарот настанал во 15.30 часот откако покојниот Б.П. палел трева во нива. Во пожарот дедото настрадал и починал на местото на настанот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Во Македонија, се забележува нагло зголемување на бројот на пожарите, опожарената површина и опожарената дрвна маса, кои во 2007 го достигнуват максимумот од 652 пожари. Потоа има тренд на постепено намалување до 2009 со 61 пожар, за повторно во наредните години бројот на пожари да се зголеми. Бројот на пожари во 2016 година во однос на бројот на пожари во 2009 година забележува пораст приближно 2,4пати.

Другите два пожари биле на отворено едниот се случил околу 13.50 часот во Скопје на улица „Киро Фетак 1“  во помошна просторија од куќата сопственост на З.А.(45), но за среќа пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Другиот пожар се случил во Берово. Во полициската станица било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, настанал пожар во кој била зафатена букова шума.  Двајцата браќа  Д.Т.(31) и И.Т.(28), жители на село Смојмирово, запалиле оган за скара па поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири. За среќа ожарот бил целосно изгаснат а жртви нема. Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...