Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

Објавил: Весна Петровска | 13 август, 2019 10:47

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано.

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

Македонецот загинал на самото место на несреќата, а возачот М.В.(38), кој има лесни повреди, е приведен бидејќи пијан возел и ја предизвикал сообраќајката. Бекири починал, иако итната помош со масажа на срцето се обидувала да го одржат во живот до доаѓање на хеликоптерот со кој требало да биде пренесен во болница во Анкона.

Бекири бил роден во селото, а неговите родители пред околу 30 години се преселиле во Италија. Тие заедно со братот на Бекири биле во Македонија да го поминат летниот одмор каде и ја слушнала најлошата вест.

Според познаниците, Бекири вечерта се качил во автомобилот „алфа роео 147“ на М.В., кој денот го поминал пиејчи по кафеани во блискиот град, каде се сретнал со поиннатиот.Тој го повикал заедно да се вратат во Кастиџано, но возачот излетал од еден свиок и по произгувањето од 30-ина метри удрил во дрво.

По приведувањето М.В. имал 1,6 промили алкохол во крвта. Од друга страна, Бекири не бил пијан, ниту, пак, пиел често алкохол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...