Како што известија локалните медиуми планинарите цели 12 часа биле заглавени на Монт Еверест, поради метежот на врвот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2019 21:03

Трагедија на Монт Еверест: Загинаа тројца планинари поради метеж на врвот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Двајца планинари од Индија, калпан Дас (57) и Нихал багван (27), и 65- годишен планинар од Австрија, загинаа вчера од исцрпеност при спуштање од врвот Монт Еверест. 

Монт Еверест — според надморската височина на врвот е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина. Планината е висока отприлика 8.848 m, но постојат варијации во различните мерења што се имаат извршено. Втора по висина е планината К2 со 8.611 m височина.

Како што известија локалните медиуми планинарите цели 12 часа биле заглавени на Монт Еверест, поради метежот на врвот. Од долгочасовното чекање биле изморени и не можеле да почнат со спуштањето.

И покрај молбите на локалните организации да се ограничи бројот на издадени дозволи, сепак во последните денови на Монт Еверест е забележан голем метеж. 381 дозвола беа издадени само од Непал за пролетната сезона за искачување на највисокиот врв на светот , а секоја од дозволите чини 10 000 долари.

Инаку ова ен е прва несреќа неделава, во средата почина Индијка и Американец , а еден планинар државјанин на Ирска е прогласен за починат по падот на 16. мај. Синот на Индијката раскажува дека и мајка му починала од исцрпеност при симнувањето од планината , зашто морала да чека да се расчисти метежот во кампот 4 на височина од 8 000 метри.

За големиот метеж на Монт Еверест говори и фактот што во средата на врвот во исто време имало 320 луѓе , нешто што досега е невидено.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести