Погребот ќе биде денеска на 16.01.2020 четврток од 14:00 – 15:00 часот „Капела БУТЕЛ“ – Скопје

Објавил: Весна Петровска | 16 јануари, 2020 9:21

Трагедија: Ненадејно почина Игор Гонзо Ивановски

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Вчера рано наутро ненадејно замина уште еден доајен во автомобилизмот на нашите простори.

Човек кој беше поим за другарување, секогаш прв да подаде рака кога е најпотребно, секогаш тука кога е потребен совет, секогаш тука со македонските автомобилски клубови, речиси и да не започнуваше ниеден авто-собир без неговиот шарм и говор, но за жал на 44-годишна возраст срцето на Гонзо престана да чука.

Зад себе остави успешна сопруга и синче Никола да го продолжи доброто дело горд на тато.

Погребот ќе биде на 16.01.2020 четврток од 14:00 – 15:00 часот „Капела БУТЕЛ“ – Скопје

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam