Фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој често имаше заеднички настапи со Емрах, за „Фокус“ ја потврди веста. Тој вели дека се уште е во шок поради ненадејната загуба на блискиот пријател и колега

Објавил: Владо Марин | 12 јуни, 2020 7:41

ТРАГЕДИЈА: Почина млад македонски пејач!

Фото/Текст извор: ©Фокус

Младиот музичар Емрах Мехмеди вчера го изгуби животот по пад од скала. Естрадата во шок од лошата вест, на социјалните мрежи се збогува со момчето од Жировница, кое ќе остане запаметено по ведриот дух.

Фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој често имаше заеднички настапи со Емрах, за „Фокус“ ја потврди веста. Тој вели дека се уште е во шок поради ненадејната загуба на блискиот пријател и колега.

-Трагедија, со неполни 30 години си замина. Син единец, татко на две мали дечиња. Многу ми беше близок, безрезервно го поддржував во кариерата. Често настапувавме заедно, нема кој не го знае во неговиот крај, беше еден од најбараните музичари, посебно кога беа свадбите во прашање – раскажува Грујовски.

Тој додава дека освен настапите со бендот, Емрах неодамна започнал и соло-кариера, снимил повеќе песни, имал гостувања во музичката емисија „Мерак меана“.

-Во чекор му се прекина животот, кариерата. Трагедијата се случила кога монтирал антени за телевизија, пад од скала. Претпоставувам било доста високо, не знам што да кажам, ова е голема загуба за семејството, за естрадата – вели Благоја.

Колегите на Емрах изразуваат сочувство на социјалните мрежи, го спомнуваат како многу голем другар, ведро момче, човек кој имал големи планови на професионално поле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...