Двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот.

Објавил: Перо Милчин | 27 јуни, 2019 11:39

ТРАГЕДИЈА: Се сруши патнички авион во Русија, пилотите загинаа, патниците спасени!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Авион марка „Ан-24“ на руската авиокомпанија „Ангара“ се сруши во руската област Бурџатија.

Во руската област Бураџатија се сруши патнички авион “Ан 24„  на руската авиокомпанија „Ангара„. При падот двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот.

Како што известуваат локалните медиуми, сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди.

Несреќата се случила откако на авионот кратко по полетувањето му откажал едниот мотор, па пилотите одлучиле да се вратат од местото на полетувањето.

Авионот додека се обидел да слета, удрил во фабриката за прочистување на вода, по што се запалил.  Министерството за вонредни состојби објави дека во авионот имало 46 лица, меѓу кои и четворица членови на екипажот.

Авионот полетал од аеродромот во Нижњеангарск кон Улан Уде.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...