Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 16:46

ТРАГЕДИЈА: Скопјанец починал на планината Водно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трагедија се случила вчера во Скопје, откако починал повозрасен маж кој имал 68 години, спуштајќи се од планината Водно.

Трагедијата се случила вчера предпладне а во 11.25 часот во Полициската станица Центар, случаен минувач со иницијали Н.Б го пријавил случајот. Тој за полицијата изјавил дека додека се спуштал со велосипед на планината Водно, случајно забелажал лице кое паднало и тешко дишело. Н.Б. веднаш повикал повикал Итна медицинска помош, информираат МВР во полицискиот билтен.

Како што стои во билтенот, веднаш по повикот на Н.Б. екипата на Итната медицинска помош пристигнала на местото на настанот, односно околу 12.15 часот но за жал лицето веќе било починато, а екипата констатирала смрт без траги на насилство.

Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје.

По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести