Причината за несреќата според првичните информации е тоа што возачот кој имал и тројца сопатници ја изгубил контролата над возилото и излетал од патот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2020 11:57

Трагедија: Тешка сообраќајка кај Тетово- загина жена (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: Алсат.мк

Едно лице загинало во сообраќајната несреќа што вчера се случила на патот кон Бања во Тетово, објави Алсат.

Страшна сообраќајна несреќа во Тетово, загина една жена…

Причината за несреќата според првичните информации е тоа што возачот кој имал и тројца сопатници ја изгубил контролата над возилото и излетал од патот.

Една жена која била во возилото починала, а другите тројца повредении беа испратени во Тетовската болница.

Несреќата се случила пред угостителски објект на локален пат Тетово- Бањиче патничко моторно возило„Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од  Ш.Г.(32) од с.Лисец излетало од патот во коритото на река Пена.

Во незгодата од здобиените повреди на лице место починала сопатничката М.К.(44) од Тетово, а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

По незгодата со возило на итна медицинска помош, Ш.Г. и сопатниците Ш.К.(19) од Тетово кај која од доктор се констатирани тешки телесни повреди и Б.Е.(34) од Гостивар се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово – Оддел за Судска Медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести