Несреќата се случила откако украински авион со 167 патници и девет членови на екипажот се урнал во средата во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јануари, 2020 9:12

ТРАГЕДИЈА: Украински „Боинг“ се урна во Техеран- загинаа над 170 патници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Над 170 патници загинаа во страотна авионска несреќа која се случи вечерва непосредно по нападот на Иран врз американски цели во Ирак.

Несреќата се случила откако украински авион со 167 патници и девет членови на екипажот се урнал во средата во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран.

Украински „Боинг 737“ во кој се наоаѓаа 176 лица, се урна по полетувањето од техеранскиот аеродром.
Иранската Црвена полумесечина соопшти дека не постојат шанси да се пронајдат преживеани лица, пренесува Би-Би-Си.

Според првичните информации објавени од иранските власти, несреќата се случила поради технички проблеми. Страотната несреќа, се случи само неколку часа откако Иран изврши напад кон две американски бази во Ирак па се уште не е познато дали инцидентот е поврзан со иранско-американската конфронтација. Според сообраќајните експерти најверојатно се запалил моторот на авионот.

На местото на несреќата веднаш биле испратени спасувачки екипи на местото каде што се урна авионот од типот Боинг 737 на „Украина Интернешнл ерлајнс“, но за жал ниту еден од патниците во авионот кој патувал до украинскиот главен град Киев не преживеал.

Авионот по падот веднаш се запалил. 

Претседателот Зеленски истакнал дека украинската амбасада во Техеран ќе учествува во разјаснувањето на околностите кои довеле до оваа трагедија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.