Мијалков сам си поднесе оставка на функцијата на 12-ти мај 2015 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 8:31

Трагикомично е што Мијалков имал државно обезбедување три години по оставката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и официјално му е укинато полициското обезбедување.

Според МВР одлуката била донесена пред празникот Илинден поради проценка дека повеќе не постојат безбедносни ризици.

По поднесувањето на оставката во мај 2015-та година за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители а на располагање имаше и два автомобили и се тоа на државен трошок. 

Интересно е што Мијалков по оставката во 2000 година кога раководеше во военото разузнавање за време на НАТО бомбардирањето на Србија и косовската криза и по 2001 година кога беше советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија за време на војната во Македонија не побара обезбедување на име безбедносни ризици.

Сашо Мијалков беше 9 години на чело на УБК а во јавноста познат е и како прв братучед на поранешниот премиер Никола Груевски – како син на поранешниот прв министер за внатрешни работи на Македонја Јордан Мијалков и еден од обвинетите во процесите кои за членови на поранешното раководство на ВМРО – ДПМНЕ ги отвори Специјалното Јавно обвинителство.

Мијалков по првото обвинение изјави дека времено се повлекува од партиските функции иако се смета дека неговото влијание врз одлуките на партијата е поголемо од било кога. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика