Ако сте од оние личности кои се грижат за тоа што го јадат, ќе ја обожавате оваа пица. Ова е здрав рецепт за пица која е здрава и посна и во која има многу зеленчук.

Објавил: Македонка Димкин | 15 јуни, 2018 23:18

Традиционален рецепт за посна пица

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Состојки:

1 праз

1 домат

1 пиперка

200 гр. шампињони

Оригано

Кечап

Малку посен кашкавал

Начин на подготовка:

Замесете тесто за пица  со сол, квасец и малку масло и брашно. Оставете го малку да порасне.

На масло испржете го празот, додајте ја сецканата пиперка и шампињоните, убаво исецкани. Доколку сакате лута пица, можете да додадете и лута пиперка и/или малку кромид. Можете по желба да додадете и маслинки.

Развијте го тестото, а потоа ставете го во тавче кое претходно ќе го подмачкате.  Ставете ги испржените состојки, а потоа додадете парчиња домати и малку кашкавал и оригано.

Печете на 200 степени околу 15-20 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.