Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тарифа“.

Објавил: Македонка Димкин | 29 мај, 2018 9:37

Траекторија и Тарифа

Фото/Текст извор: ©Нова Македонија

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тарифа“.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се четири службени лица – поранешни високи владини функционери. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.
Рочиште треба да се одржи и за случајот „Тарифа“ на СЈО, каде обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски, и уште други две лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија