Хан изрази увереност дека Европската комисија кон крајот на мај ќе препорача отворање на преговорите со Македонија

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 9:16

Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на „Северна“ Македонија во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за присоединување на „Северна“ Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа.

Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на „Северна“ Македонија во НАТО

Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека „Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата“.

Протоколот за членство на Република „Северна“ Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изрази увереност дека Европската комисија кон крајот на мај ќе препорача отворање на преговорите со Македонија и со Албанија.

Во интервју за „Ханделсблат“, Хан вели дека  препораката ќе биде донесена врз основа на критериумите заеднички договорени од страна на земјите во ЕУ. Одлуката потоа ќе биде предадена на самите членки.

Хан нагласува дека Скопје и Тирана го заслужија отворањето на преговорите, што беше одложено во јуни минатата година.

Историскиот договор за ставање крај на спорот за името со Грција и договорот за пријателство со Бугарија се охрабрувачки сигнали до целиот регион дека се можни решенија за долготрајните спорови. „Северна“ Македонија исто така постигна добар напредок кога станува збор за внатрешните реформи. Земјата заслужува зелено светло за почеток на пристапните преговори што е можно порано – пред летната пауза, изјави Хан.

Што се однесува до Албанија, комесарот Хан верува дека земјата, исто така, заслужува почеток на преговорите поради внатрешните реформи, особено реформата во судството, но оти треба да се справи со проблемите со корупцијата и организираниот криминал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести