На воениот конфликт во Сирија, кој трае веќе 7.5 години, не му се гледа крајот, особено откако Трамп, ги предупреди Сирија, Иран и Русија да прекинат со напади врз Идлиб

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 10:32

Трамп го предупреди Асад и неговитe сојузници во Сирија да не го напаѓаат Идлиб

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди шефот на сириската држава Башар ал Асад и неговите сојузници Иран и Русија да не ја „напаѓаат невнимателно“ северозападната сириска провинција Идлиб која е под контрола на бунтовниците.

– Претседателот на Сирија Башар ал Асад не треба невнимателно да ја нападне провинција Идлиб. Русите и Иранците ќе направат голема хуманитарна грешка ако учествуваат во оваа потенцијална човечка трагедија. Можат да бидат убиени стотици илјади луѓе. Не дозволувајте да се случи тоа, напиша Трамп во Твитер.

Иран вчера повика на чистење на сириската провинција Идлиб од терористи, како што Асад и неговите сојузници ги нарекуваат сите свои противници во Сирија.

Ова се случи во време кога Техеран се подготвува за разговори со Москва и Дамаск за спроведување офанзива против последниот голем бунтовнички бастион на сириската територија.

Во Идлиб и околината живеат околу три милиони луѓе, од кои речиси половина избегале од други сириски области. ОН предупреди дека евентуална офанзива би можела да предизвика најголема хуманитарна криза од почетокот на конфликтот во Сирија пред седум и пол години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.