Трамп запре хуманитарна помош од САД за болниците во Палестина во вредност од 25 милиони евра, а парите ќе ги искористел попаметно, во други поприоритетни проекти

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 7:12

Трамп запре помош од 25 милиони долари за болници во Источен Ерусалим

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп запре помош во вредност од 25 милиони долари за лекување на Палестинци во болници во Источен Ерусалим, соопшти претставник на Стејт департментот.

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за намалување на помошта е дел од обидите на САД „да ја уништат палестинската кауза“ и да ги загрози животите на илјадници Палестинци.

Таа опасна и неправедна ескалација од американска страна ги премина сите црвени линии и се смета за директна агресија врз палестинскиот народ, се наведува во соопштението.

Претходно оваа година Трамп побара повторно да се разгледа помошта, која САД им ја испраќаат на Палестинците, со цел да гарантира дека средствата се трошат согласно националните приоритети на САД.

Како резултат на тој процес, средствата за болниците во Источен Ерусалим ќе бидат пренаменети за приоритетни проекти на друго место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести