Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го крие своето разочарување од одлуката, на која тие се обидоа да влијаат, бидејќи сметаат дека изборот на Хуавеј е удар за демократијата и значи отворање на вратата за тоталитарен кинески режим во Европа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 17:28

Трамп има пеколен план за Хуавеј: Америка ги купува Нокиа и Ериксон за да се спречи проширување на кинезите?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Велика Британија дозволи на Хуавеј да гради 5G мрежа во земјата, но со ограничување дека нема да има пристап до „чувствителните“ места – министерства, владини канцеларии и слично.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го крие своето разочарување од одлуката, на која тие се обидоа да влијаат, бидејќи сметаат дека изборот на Хуавеј е удар за демократијата и значи отворање на вратата за тоталитарен кинески режим во Европа.

САД, иако не дадоа никакви докази, сепак се обидуваат да ја оспорат компанијата како 5Г  и мрежен провајдер низ целиот свет, а размислувањето за тоа оди дотаму што постои можност САД да земат удел во ривалите Ериксон и Нокиа за да го забават кинезите во ширењето на 5G мрежна експанзија.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го крие своето разочарување од одлуката, на која тие се обидоа да влијаат, бидејќи сметаат дека изборот на Хуавеј е удар за демократијата и значи отворање на вратата за тоталитарен кинески режим во Европа.

Американскиот генерал и адвокат Вилијам Бар кој е близок на Доналд Трамп, изјави за Си-Би-Би-Си дека САД размислува да го преземе контролниот удел во Нокиа и Ериксон, кои тој силно ги поддржува, за да се спротивстави на влијанието на Хуавеј.

Американски експерти сметаат дека „Ериксон“ и „Нокиа“ не ја имаат поддршката на локалниот пазар.

Бар рече дека планот може да се реализира или САД директно да ги контролираат акциите или преку конзорциумот на приватни американски и сојузни компании.

Ериксон одби да ја коментира ситуацијата, додека Нокиа кратко им рече на медиумите дека во компанијата секогаш бил добредојден здрав инвестициски капитал.

Сепак, експертите веруваат дека ваквото сценарио би било многу пријатно за Ериксон и, според Cevian Capital, кој има најголем удел во шведска компанија, ваквиот развој би бил добар за секого.

Откако ја претставија идејата за купување, акциите на „Ериксон“ и „Нокиа“ скокнаа над четири проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.