Процесот на денуклеризација на Северна Кореја почнува многу брзо

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 10:48

Трамп и Ким испишаа нова страна на историјата

Фото/Текст извор: ©магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џон-ун денеска на самитот во Сингапур потпишаа заеднички документ, по што Трамп изјави дека процесот на денуклеризација на Северна Кореја почнува „многу, многу брзо“, а Ким се опрости од американскиот претседател и замина од Сингапур.

Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен претходно наведе дека се работи за „договор со кој се потврдува напредокот во разговорите и ветување да се продолжи со истото темпо“.

Трамп и Ким се обидоа да покажат доминација, но беа нервозни

Во првите моменти на почетокот на самитот во Сингапур, Трамп и Ким се обидоа да се претстават како доминантни, но покажаа анкциозност, пишува Ројтерс во анализа за говорот на телото на двајцата лидери.

Според експертот за говор на телото, за време на 13. секунди, колку што Трамп за прв пат се ракуваше со Ким, американскиот претседател вообичаено се обидуваше да ја покаже својата доминација со тоа што прв пружи рака и го потчукна за рамо севернокрорејскиот лидер.

Во која храна уживаа Трамп и Ким на работниот ручек?

Бавно печени говедски ребра и слатко-кисело-крцкаво свинско беа, меѓу другото, денеска на менијата на работниот ручек меѓу Трамп и Ким, на кој беа комбинирани вкусови од истокот и западот за време на историскиот самит меѓу двајцата лидери во Сингапур.

На менито, како што објави Белата куќа, Трамп и Ким можеа да уживаат во многубројните предјадења, меѓу кои беа коктел од шкампи, салата од авокадо, салата од зелено манго со прелив од лимон и мед, како и корејско јадење со полнета крастивица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести