За новата 2020 година Баба Ванѓа предвидела невреме кое ќе ги погоди Пакистан, Кина, Јапонија и Алјаска, а годинава предвидува и многу земјотреси од јачина од 7,5 степени по Рихтер во Азија каде се очекуваат  голем број на човечки жртви.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јануари, 2020 11:14

Трамп и Путин во лоша состојба, многу земјотреси и поплави- предвидувањата на Баба Ванѓа за 2020 годна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секој од нас слушнал за Вангелија Пандева Димитрова или кај народот позната  како Баба Ванѓа која била позната наводна јасновитка од Бугарија, родум од Македонија.

Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.

За новата 2020 година Баба Ванѓа предвидела невреме кое ќе ги погоди Пакистан, Кина, Јапонија и Алјаска, а годинава предвидува и многу земјотреси од јачина од 7,5 степени по Рихтер во Азија каде се очекуваат  голем број на човечки жртви.

Таа ја знаела точната дата на својата смрт и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

Баба Ванѓа предвидела дека голем метеор ќе падне на подрачјето на Русија. Јасновитката предвидела дека годинава ја следи среќа Велика Британија која оваа година ќе ја напушти Европската Унија. 

Доколку се сметаат за вистинити предвидувањата на Баба Ванѓа во тој случај, претседателот на Русија Владимир Путин ќе биде во животна опасност. Според нејзините предвидувања некој ќе се обиде да го убие Путин во 2020 година. Таа открива дека ќе биде нападнат од близок човек кој му го чува грбот. 

Освен тоа Ванѓа предвидува и тешко заболување за американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ќе пати од зуење на ушите, поради силните мачнини ќе го изгуби слухот.

Што рекла за 2020 година?

Земјата во која е Сонцето ќе добие подарок. Веројатно мислела на руските острови кои ги бара Јапонија со оглед на тоа што се во тек преговори на двете држави за трансфер на Јужните Курилски Острови, објави Пинџур.мк.

Бебе ќе го обедини половина свет во една молитва. Ќе стане прекрасен човек. Најверојатно зборувала за малото момче од Магнитогорск. Половина свет навистина се молел за него, а за другото, времето ќе покаже. Снегот ќе стекне моќ над луѓето подигнувајќи ги морињата и океаните

Поплавите и климатските промени веќе ги гледаме на дело, а најсериозните последици допрва ни се закануваат.

Раѓање на нови држави

Ова е можеби едно од најинтригантните предвидувања за 2020 година.Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија. Во нејзиниот дневник се наоѓаат информации за тоа што ќе се случи со другите земји, а како и обично нејзините изјави се исполнети со метафори.

Америка ќе ја изгуби главата. Старост ќе ја исполни земјата.

Можно е да зборува за претстојните претседателски избори во 2020 година.

Ластовицата ќе се врати во гнездото

Веројатно зборувала за Украина, бидејќи ластовицата е симбол на оваа земја.

Обичните луѓе ќе ја освојат Месечината
Веќе е познато дека во 2020 година се планира првото туристичко вселенско летало.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.