Трамп во писмото посочил дека САД ја поддржува Македонија, и дека „денес, двете нации се поблиски од кога било претходно“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јуни, 2019 15:06

Трамп и Путин испратија писмо до Пендаровски- порака каква што не очекувавме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до македонскиот претседател Стево Пендаровски,  во кое стои честитка упатена до него.

Писмото на Трамп во кое упатува честитка до Пендаровски

Трамп во писмото посочил дека САД ја поддржува Македонија, и дека „денес, двете нации се поблиски од кога било претходно“.

„САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето заслужено место во западните институции и особено се надева дека ќе ја поздрави Северна Македонија наскоро како наш 30-ти сојузник во НАТО.Историскиот Договор од Преспа претставува смел и храбар пример со кој се зајакна безбедноста и просперитетот за народот на Северна Македонија и целиот регион.Заложбите на Вашата земја за демократски начела, владеење на правото, отчетност на владата и борба против корупцијата се за поздравување.Се надевам на продлабочување на пријателството и соработката во иднината”, пишува во честитката од претседателот Трамп до претседателот Пендаровски.

Но освен Трамп, доаѓањето на претседателската функција на Пендаровски му ја честитаа и претседателот на Кина, Си Џинпинг, а во писмото упатено до Пендаровски се посочуваат традиционално пријателските односи меѓу двете земји.
Исто така и Владимир Путин упати честитка до Пендаровски.
„Односите меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија се темелат на добрите традиции на културна и духовна блискост. Убеден сум дека конструктивното унапредување на нашите односи би им одговарало на народите на нашите две земји и на цела Европа“, пишува претседателот Путин.

Овие писма до македонскиот претседател Стево Пендаровски, беа испратени по повод изборот на претседателот на Македонија. Писма со честитки испратија голем број светски државници и меѓународни организации.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.