Трамп синоќа објави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор!

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 февруари, 2021 15:25

ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Поранешниот претседател ангажираше нови адвокати пред процесот на отповикување на Сенатот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот.

Трамп синоќа објави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор.

Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно.

Одлуката за ангажирање на нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму.

Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовната проневера на претседателските избори што ги освои демократот Бајден, наместо да се концентрира на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е на оваа функција.

Судењето на Трамп по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да започне на 9 февруари!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.