Трамп минатата недела, беше на годишна конференција на Конзервативната политичка акција, по што подоцна било утврдено дека еден учесник на конференцијата е позитивен на коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 март, 2020 10:25

ТРАМП НЕ СЕ ПЛАШИ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Не сум загрижен ни најмалку, работиме одлична работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако коронавирусот сее страв низ целиот свет, сепак американскиот претседател Доналд Трамп нема страв од смртоносниот Ковид 19.

Тој пред новинарите ја коментираше актуелната ситуација со коронавирусот, при што рече дека ни најмалку не е загрижен.

Трамп минатата недела, беше на годишна конференција на Конзервативната политичка акција, по што подоцна било утврдено дека еден учесник на конференцијата е позитивен на коронавирусот.

Инаку во Македонија во домашна изолација и под здравствен надзор  засега се наоѓаат околу 40-тина лица, поради контакти со двајцата сопружници од Општина Центар Жупа, соседна Општина на Дебар, кај кои пред три дена  е откриен корона вирус. Вкупниот број на заразени со коронавирусот во светот надмина 110.000. Починаа над 3.800 луѓе, а се опоравија повеќе од 62.000.

На прашање на новинарите упатено до Трамп дали коронавирусот ќе ја спречи неговата политичка активност и дали ќе бидат преземени какви било превентивни мерки во Белата куќа.

„Работиме прекрасно. Направивме одлична работа. Чудесно соработуваме со другите земји во светот“ рекол Трамп, по што ја отфрлил загриженоста поради вирусот, кој се шири во светот.

„Не, не сум загрижен ни најмалку. Работиме одлична работа околу тоа. Ви благодарам заклучил Трамп.

Вкупниот број на заразени со коронавирусот надмина 110.000. Починаа над 3.800 луѓе, а се опоравија повеќе од 62.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.