Трамп за време на обраќањето воопшто и не го спомна импичментот, нешто што претставува редок момент на воздржаност од страна на непредвидливиот американски претседател,

Објавил: Македонка Димкин | 5 февруари, 2020 12:04

Трамп не се поздрави со неа, таа му го искина неговиот говор!

Фото/Текст извор: ©принтскрин

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, за состојбата на нацијата беше засенет од инцидентот со претседателката на парламентот, Ненси Пелоси.

Најпрво тој одби да се ракува со шефицата на Конгресот, но и таа до крајот на неговиот говор не остана должна. Откако Трамп го заврши своето обраќањето, Пелоси ја искина копијата од претседателскиот говор. Белата куќа на Фејсбук реагираше на нејзиниот потег.

Пелоси ја скина приказната за Тускеге Аерман. За едно дете што доби можност да студира по сопствен избор. За преживувањето на едно дете родено во 21. недела. За тажните семејства на Роки Џонс и Кајла Мулер. За војник кој повторно се обедини со семејството. Такви постапки остава зад себе – се вели во кратката објава на Белата куќа.

Трамп за време на обраќањето воопшто и не го спомна импичментот, нешто што претставува редок момент на воздржаност од страна на непредвидливиот американски претседател, како што наведуваат светските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...