Трамп ги обвини демократите „за нелегален обид за пуч“ и за „прогласување војна на американската демократија“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 9:12

Трамп покажа колку е нервозен: Напиша 45 твитови за време на дебатата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За време на вчерашната расправа на претставничкиот дом на САД кој изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, тој не успеа да се воздржи и во текот на целиот ден но и додека ја следеше расправата објави дури 45 постови на Твитер. 

Непосредно пред гласањето од Белата куќа беше најавено дека претседателот ќе биде презафатен и нема д аможе да се фокусира на расправата, сепак се покажа спротивното. Трамп цел ден беше активен со своите објави на Твитер.

– Можете ли да верувате, денес дека ме отповикува радикалната левица, демократите кои не работат ништо, а јас не сум сторил ништо лошо, напиша Трамп во еден од своите Твитови.

Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп од должноста претседател на САД

Трамп ги обвини демократите „за нелегален обид за пуч“ и за „прогласување војна на американската демократија“.

Трамп ја покажа својата нервоза кога се заоструваше дебатата и веќе се гледаше решението за негово отповикување, па тој започна да пишува со големи букви.

Инаку доцна синоќа претставничкиот дом изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп од власт откако вчера спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, објави дека домот ќе гласа за импичмент.

Според разултатите од гласењето во законодавниот дом на САД постои ненадминлив раскол по партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Претставничкиот дом гласаше за двете обвинувања против Трамп кој го следи скандал дека ја злоупотребил функцијата и дека ја попречувал истрагата во врска со тоа дали побарал од Украина да покрене постапка против него.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.